Средбата меѓу претседателот на Барселона, Пеп Марија Бартомеу и таткото на Лионел Меси – Хорхе, заврши без двете страни да донесат конкретна одлука. Каталонскиот шеф пристигна на состанокот со менаџерот Хавиер Бордас, додека на другата страна од масата, покрај таткото на Меси, беа и неговиот брат Родриго и адвокатот Хорхе Пекур.

Барселона е категорична дека дури нема да преговара за можноста Меси да го напушти клубот, иако тоа е токму желбата на самиот играч. За Бартомеу се вели дека бил доста цврст во својата позиција, велејќи дека Лео е клучна фигура во плановите на новиот тренер Роналд Куман. Тој дури рече дека е подготвен да понуди нов 2-годишен договор на 33-годишниот Аргентинец.

Сепак, Меси сака да го напушти „Камп Ноу“. Ја изгубил довербата во Бартомеу и сака да бара нов предизвик. Неговата желба е да го раскине договорот со Каталонците, искористувајќи ја клаузулата во него.

Средбата меѓу двете страни траеше повеќе од час и половина, но без вистински резултат. Разговорите се очекува да продолжат утре во надеж дека ќе се постигне компромис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.