Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Лионел Меси се доближи до Кристијано Роналдо на листата на најдобри стрелци во Лигата на шампионите.

Триесет и петгодишниот Аргентинец даде два гола и направи две асистенции синоќа на натпреварот од 5. коло од групната фаза на Лигата на шампионите со  Макаби Хаифа (7:2).

Сега на контото на Меси се 129 гола во Лигата на шампионите. Тој е на второто место во историјата во оваа статистичка категорија.

Роналдо и понатаму води со 140 голови. Сепак, оваа сезона напаѓачот на Манчестер јунајтед нема да може да ја подобри својата статистика, бидејќи со клубот игра во Лига Европа.

Напаѓачот на Барселона Роберт Левандовски е трет со 91 гол. Карим Бензема од Реал Мадрид има 86 гола



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.