Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси е на чекор од продолжување на договорот со шпанскиот прволигаш Барселона, објави каталонската телевизиска станица ТВ3, додавајќи дека неговиот татко и личен менаџер води успешни преговори со клубот.

Договорот на Меси во дресот на Барселона истекува во јуни. Аргентинецот беше незадоволен од случувањата во екипата во текот на сезоната и веќе најави дека ќе го напушти клубот. Ситуацијата, меѓутоа, во меѓувреме се смени на подобро и Барселона има реални шанси за освојување на шпанската титула, што дополнително ги зголеми шансите капитенот да ја продолжи соработката со каталонскиот гигант во кој ја мина целата своја кариера.

Според каталонскиот медиум, 33-годишниот Меси е подготвен да потпише нов договор за пониска плата, но на десет години. За возврат по завршување на кариерата да добие место во раководните структури на Барселона.  Планот на Меси, според ТВ3 е да го носи дресот на Барселона уште две години, по што би направил трансфер во американската МЛС лига каде би ја завршил кариерата, а потоа би се вратил во Барселона на раководна функција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.