Фудбалерите на Пари Сен-Жермен, Лионел Меси и Серхио Рамос сè уште немаат воспоставено пријателски однос, пишува „Л’Екип“.

Според францускиот весник, играчите не можат да ги заборават 10-те години соочување во шпанското Класико. Рамос играше за Реал Мадрид од 2005 до 2021 година, Меси играше за Барселона од 2003 до 2021 година.

Триесет и петгодишниот Рамос му се приклучи на ПСЖ во јули 2021 година. Една година помладиот Меси му се приклучи на францускиот клуб во август истата година. Договорите на фудбалерите важат до јуни 2023 година.

Аргентинскиот напаѓач одигра осум натпревари во сезоната 2021/22 и постигна четири гола, додека Рамос нема ниту еден настап за ПСЖ поради повреда

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.