Раководството на Барселона презеде нови мерки за справување со економското влијание на пандемијата на коронавирус.

Поради намалувањето на приходите, работното време на сите вработени ќе се намали и платите ќе се намалат пропорционално. Одлуката беше објавена по состанокот на директорите на клубот, што беше спроведена преку видео-врска.

– Мерките се целосно во согласност со законот за работни односи и принципите на правичност и пропорционалност. Нашата цел е да го обновиме функционирањто на клубот што е можно поскоро, се вели во официјалната веб-страница на Барселона.

Претходно беше донесена одлука за намалување на платите на играчите на Барселона.

Спортските капацитети на клубот, сепак, ќе преминат на одделот за здравство во Каталонија, за употреба по потреба

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.