Лионел Меси во ексклузивно интервју за телевизијата „Ла Секста“, говореше за својата кариера, за желбата да замине од Барселона но иза се што клубот му даде во животот.

Евентуалното заминување од Барселона за Меси не значи дека крај на врската со Барселона која му дала се во животот.

„Чувствував дека е време да си одам, дека тоа ќе најдобро за сите. Му кажував на Бартомеу дека сакам да си одам, тој не ми дозволуваше. Искрено ми беше тешко, имав проблеми, но сега сето тоа е минато, сакам само да играм, да помогнам да победуваме, Барса е мојот живот, мојата љубов, овде сум уште од 13-годишна возраст, овој клуб ми даде се во животот“ – изјави Меси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.