Со постигнатиот гол на дуелот против Финска, Килијан Мбапе, за шрвпат во кариерата ги тресе противничкуите мрежи на четири последователни натпревари на француската репрезентација.

На дуелот во Хелсинки, Мбапе, кој е еден од најдобрите фудбалери на светот, постигна гол во 76 минута со што ги постави конечните 2:0 за „триколорите“ во последното коло од квалификациите за Светското првенство 2022.

Дваесет и двегодишниот Мбапе претходно се запиша во листата на стрелците на квалификациската средба против Казахстан (8:0), како во полуфиналето и финалето на Лигата на нации против Белгија (3:2) и Шпанија (2:1).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.