Францускиот фудбалер Килијан Мбапе изјави денеска оти е свесен колкаво разочарување му предизвика на Реал Мадрид со одбивањето да го напушти ПСЖ и да премине во редовите на шпанскиот првак, но додаде дека ќе навива за Кралскиот клуб во претстојното финале во Лигата на шампиони против Ливерпул.

Изминатите денови медиумите беа преплавени со информации за трансфер на Мбапе во Реал, но францускиот репрезентативец во саботата, сепак, го продолжи договорот со ПСЖ до 2025 година.

Реал и лани доби негативен одговор од Мбапе.

Французинот денеска јавно му се заблагодари на претседателот на Реал, Флорентино Перез, на интересот за неговиот потпис.

– Свесен сум за шансите и привилегии кои ги имав со интересот што за мене го покажа една таква институција. Можам да го замислам нивното разочарување. Ќе бидам нивен навивач во финалето на Лигата на шампиони во Париз, објави Мбапе на својот Твитер профил



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.