Поранешниот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри, би можел да го преземе Милан оваа сезона, пренесува „Калчомеркато“. Според италијанскиот портал, многумина во Милан посакуваат враќање на Алегри на „Сан Сиро“.

Во моментов,тренер на Милан е Марко Џампаоло, но по синоќешниот пораз од Фиорентина, четврти во шесте кола оваа сезона, се засилија шпекулациите за негова смена.

Алегри го водеше Милан од 2010 до 2014 година, а со него екипата го освои првенството и италијанскиот Суперкуп.

Покрај Алегри, како можен наследник на Џампаоло на клупата на Милан се спомнуваат и Андриј Шевченко, Клаудио Раниери, Лучијано Спалети и Руди Гарсија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.