Одредена група на навивачи на Марсеј се обиделе да на сила да влезат во тренинг-центарот на клубот со цел да прават нереди бидејќи се незадоволни од резултатите на екипата.

Според ифнормациите кои пристигнаа од Франција и како што се гледа на фотографијата, околу 200 навивачи со пиротехника го запалија тренинг-центарот, а засега не е познато дали фудбалерите на Марсеј се таму.

Во меѓувреме околу 300 навивачи на Сент Етјен исто така се обиделе да влезат во тренинг-центарот на истоимената екипа употребувајќи сила, со цел да се пресметаат со фудбалери некриејќи го незадоволството по тешкиот пораз на Сент Етјен од 0-5 на домашен терен против Лион.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.