Само два дена откако беше објавено формирањето на новото фудбалско натпреварување во Европа – Суперлигата, кога Реал Мадрид, Милан, Арсенал, Челзи, Барселона, Јувентус, Ливерпул, Манчестер сити, манчестер јунајтед и Тотенхем го потврдија своето учество, проектот пропадна,

Два дена по највата за Суперлигата, под притисок на јавноста, но и британската Влада, сите англиските тимови се повлекоа од натпреварувањето, а според најавите од Италија се очекува тоа да го направат и Интер и Милан.

Во меѓувреме, преостанатите тимови како Барселона, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Јувентус, не се откажуваат од проектот иа најавија дека ќе продолжат да се залагаат за промени на фудбалскоот систем во Европа.

Дополнително, прстижниот шпански спортски дневен весник „Марка“ објави дека: овие четири клуба ќе ги тужат Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Челзи, Тотенхем и Арсенал, бидејќи 48 часа по неговото создавање, го уништиле натпреварувањето кое требало да го промени фудбалот и за кое се обврзале со учество.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.