Поранешниот македонски репрезентативец Марио Ѓуровски е именуван за нов тренер на Муангтонг Јунајтед. По отказот што го доби бразилскиот стратег Александре Гама, Ѓуровски доби шанса да го води првиот тим на Муангтонг Јунајтед. Тој досега беше тренер на резервниот тим откако на почетокот на годината ја заврши активната фудбалска кариера.

Марио е син на македонската фудбалска легенда Милко Ѓуровски. Последните неколку години од кариерата ги мина на Тајланд, каде одигра 197 натпревари и постигна 93 гола, освојувајќи и една шампионска титула. Сега пред него е ново докажување, како тренер на Муангтонг Јунајтед.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.