Фудбалерот кој на Германија и ја донесе титулата светски шампион на Мундијалот во Бразил во 2014 година, Марио Геце, потпиша за холандскиот гигант ПСВ.

Дваесет и осумгодишниот Геце во тимот од Ајндховен заминува како слободен фудбалер, откако му заврши договорот со Борусија Дортмунд.

Потписот за ПСВ, Марио Геце го смета за поинаков предизвик.

Имавме пријатни преговори со тренерот на тимот па јас сериозно размислував за преселба во Холандија. Ова лето имав многу понуди, но јас сум чувствителна личност и донесувам свои одлуки. Чувствувам дека сум подготвен за еден сосема поинаков предизвик и сигурен сум дека овој трансфер ќе биде вистински потег за мене – изјави Геце за клупската веб-страница.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.