Аргентина, се простува од својот фудбалски гениј, а пак неговата смрт го потресе целиот свет. Во сеќавањата за Марадона ислива снимка од интервју стара 15 години и во кое Марадона кажува што сака да пишува на неговата надгробна плоча.

Станува збор за специјалното интервју кое Диего самиот си го направи во 2005 година во програмата „La noche del 10“, а во кое сам се прашува и сам одговара на прашањето што да пишува на неговата надгробна плоча.

Благодарам што можев да играм фудбал, бидејќи тоа е спортот кој ми донесе радост и слобода. Како да го допрев рајот со моите две раце. Благодарност до топката. Да, на надгробната плоча би напишал: „Ѝ благодарам на топката!“ – рече тогаш Марадона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.