Легендата на аргентинскиот и светскиот фудбал Диего Марадона кажа како го научил напаѓачот на Барселона, Лионел Меси да ги изведува слободните удари.

Меси е најдобриот што сум го тренирал. Никој не може да ме разубеди во тоа. Тој е вистински феномен. Но, имаше проблем со слободни удари. Затоа, после тренингот, останувавме да го вежба тој елемент на фудбалската игра. Ме праша како успеав да постигнам голови во вакви ситуации. Му реков да ја удри топката во средината, а тој ми одговори: „Јас ја удирам во средина, а таа лета на разни страни”. Не грижи се, сè ќе функционира, му одговорив. Сега тој е многу подобар при казнените удари, изјави Марадона.

Меси во моментов е најдобар аргентински фудбалер, но за разлика од Марадона, со репрезентацијата нема освоено трофеј на мундијалите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.