Синот на Диего Марадона, Диего Армандо Жуниор, е во болница во Неапол поради компликација на состојбата од ковид-19.

34-годишниот син на легендарниот Марадона, на 5. ноември доби позитивен тест на коронавирус.

Отогаш неговата ситуација не се подобрила, тој постојано има висока температура и кашлица.

Поради влошената ситуација, Марадона Жуниор бил однесен во болница во Неапол, но информациите велат дека не е на интензивна нега, туку само да добие помош да се справи со симптомите кои ги има.

Тој влегува во болница само неколку дена подоцна откако неговиот татко излезе. На Марадона во Буенос Аирес му беше направена операција на мозокот поради крварење. Тој е во добра состојба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.