Голманот на германската фудбалска репрезентација, Мануел Нојер, на мечот од Европското првенство против Унгарија ќе настапи со капитенска лента во боите на виножитото, пренесува „Зидојче цајтунг“.

Триесет и петгодишниот голман со ваква лента играше и на натпреварите во групната фаза против Франција (0:1) и Португалија (4:2).

УЕФА ја испитуваше таквата постапка, но одреди дека со тоа немало повреда на прописите.

По две кола од групната фаза, репрезентацијата на Германија освои три бода и се наоѓа на второто место во групата Ф.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.