Капитенот и голман на Баерн Минхен, Мануел Ноер нема да игра во последното 34. коло од фудбалското првенството на Германија со Ајнтрахт.

Ова го најави тренерот на Баварците, Нико Ковач.

Ноер постигнува напредок. Тој е во фаза на закрепнување, но тој нема да игра овој викенд, изјави Ковач.

За потсетување, голманот беше повреден на средбата со Фортуна во 29. Коло.

Баерн Минхен в сабота го пречекува Ајнтрахт Франкфурт и со победа ќе освои нов шампионски трофеј во Бундеслигата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.