Грчкиот стопер од редовите на Рома, Костас Манолас, го ангажирал Мино Раиола како свој нов агент, па се очекува наскоро да го промени клубот. Манолас со своите одлични настапи во дресот на Рома го привлече вниманието на најголемите европски клубови, но како и формата на Рома годинава и неговите игри се далку послаби за разлика од минатата сезона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Мино Раиола е во добри односи со управата на Јунајтед поради трансферите на Ибрахимовиќ и Погба на „Олд Трафорд“, па се очекува Италијанецот да му помогне на Манолас да се пресели на Островот.

Манолас во својот договор со Рома има откупна клаузула од 30 милиони евра, а со оглед на тоа што се уште го нема продолжено договорот со Римјаните, голема е веројатноста наскоро да го напушти „Олимпико“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.