Само два дена по потврдата и потпишаните договори, еден клуб од дванаесетте основачи на Суперлигата се предомисли и се повлече од новоформираното натпреварување. Имено, вечерва вицешампионот на Англија и веројатно нов првак, Манчестер Сити официјално ја извести јавноста дека се повлекува од Суперлигата.

„Манчестер Сити ја известува јавноста дека официјално ги презеде сите правни мерки за раскинување на договорот и излез од новоформираната Суперлига“, стои во соопштението кое клубот го објави на официјалната веб страница и клупските профили на социјалните медиуми.

Вечерва се очекува онлајн состанок на сите дванаесет клубови основачи на Суперлигата и прва нивна реакција на откажувањата и најавите заминувања од семејството на богати клубови од Англија, Шпанија и Италија, кои планираат старт на ново клупско натпреварување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.