Англискиот шампион Манчестер Сити комплетираше спектакуларен трансфер, тврди шпанскиот „АС“.

Младиот Португалец Жоао Феликс ќе стане нов играч на Манчестер Сити, а официјална потврда се очекува многу брзо. Еден од најголемите таленти во светот на фудбалот од Бенфика ќе се пресели на „Етихад“ за 120 милиони евра, додека овој 19-годишен фудбалер ќе заработува 4,5 милиони евра по сезона и ќе потпише договор на пет години.

Сити така испрати понуда поголема од гигантите на европскиот фудбал кој силно го сакаа во своите редови. Интерес за услугите на овој фудблаер беше огромен, а се поврзуваше со Јунајтед, Јувентус, Барселона и Реал Мадрид. На крајот очигледно Сити ја заврши работата и наскоро сето тоа би требало да биде официјализирано.

Бенфика така ќе направи одлична работа, а ова ќе биде најголемиот транфер во клупската историја и еден од најголемите трансфери на сите времиња. Феликс го сметаат за наследник на Роналдо. Роден е 1999. година, а минатата сезона во 43 натпревари постигна 20 гола и запиша 11 асистенции.

Неговите игри привлекоја големо внимание. Скаутите константно доаѓаат на натпревари и пристигнаа огромен број на понуди. Меѓутоа, сите понудија најмногу 80 милиони евра. Сити ја надмина таа понуда и на крајот младиот фудбалер ќе го облече дресот на англискиот шампион.

sportski.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.