Екипата на Манчестер Јунајтед е клуб кој плаќа најголеми плати во Премиер лигата. Според „Делоит“ за сезоната 2018/2019 „црвените ѓаволи“ потрошиле 352 милиони фунти за платите на своите играчи и вработени. Тоа е 56 милиони повеќе од претходната сезона.

Единаесет фудбалери на Јунајтед земаат повеќе од 100.000 фунти неделно, а четворица заработија повеќе од 200.000 фунти секој.

На второто место по овој индикатор е Манчестер Сити. „Граѓаните“ платија 315 милиони фунти во форма на плати за минатата сезона. Челси е трет со 1 милион помалку, а скоро сигурниот шампион Ливерпул е на четвртото место со 310 милиони.

Топ 6 ги надополнуваат Арсенал и Тотенхем. Севкупно, екипите на „големата шесторка“ платија 1,7 милијарди долари минатата сезона.

Просечната годишна плата за целата Премиер лига е 158 милиони фунти, што значи дека платите на „Олд Трафорд“ се повеќе од двојно повисоки од просечните

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.