Крилниот напаѓач на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо најверојатно ќе го напушти клубот во јануари 2020 година, пренесува „Скај спорт“. Понуда за 19-годишен играч подготвува Манчестер јунајтед.

Според британските медиуми, Манчестер има намера да го понуди Маркус Рашфорд плус пари во замена за Санчо.

Актуелниот англиски шампион, Манчестер Сити важи за главен конкурент на Манчестер јунајтед во трката по Санчо. Во 2017 година Џејдон се пресели од Сити во Борусија за седум милиони евра. За тоа време, Англичанецот одигра 47 натпревари за тимот на Дортмунд и постигна 14 голови и се наметна како еден од најкреативните и најталентираните фудбалери на „милионерите“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.