Манчестер јунајтед е заинтересиран за напаѓачот на Лион, Муса Дембеле, пренесува „Дејли Меил“. Според извештаите на медиумите, скаути на тимот биле испратени во Франција синоќа да го следат мечот меѓу Ст. Етиен и Лион.

Претходно беше објавено дека 23-годишниот Дембеле е на списокот на потенцијални новодојденци во Манчестер јунајтед. Во потесниот список се најдоа и Марио Манџукиќ (Јувентус), Калум Вилсон (Бурнмаут) и Александар Соболев (Крилја Советов).

Главниот тренер на Лион, Силвињо, не го вклучи Дембеле во стартниот состав во 9. коло од францускиот шампионат против Сен-Етјен (1-0). Напаѓачот влезе од клупата за резерви во 59-та минута од средбата и немаше забележителен настап во поразот на тимот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.