Раководството на Манчестер Јунајтед и Оле Гунар Солскјаер одржале состанок минатиот месец на кој се разговарало за околу летната селекција на тимот и потенцијалните засилувања, објави Мирор.

Тоа веројатно значи дека шефовите ќе понудат постојан договор со норвешкиот стратег.

Солскјаер нагласил на состанокот дека сака да привлече играчи на следните позиции – десно крило, халф како и два одбранбени играчи.

Се очекува дека бордот ќе му даде на Солскјаер околу 200 милиони фунти за трансфери по крајот на оваа сезона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.