Манчестер Јунајтед е победник на големото дерби во првиот ден од овогодинешната сезона во Лигата на шампионите.

На гостувањето во Париз против ПСЖ, „Црвените ѓаволи“ славеа со 2:1 со што дојдоа до екстремно важни три бодови.

Патот кон триумфот го отвори Бруно Фернандеш од пенал во 23 минута, но таа предност на Англичаните беше елиминирана со автоголот на Ентони Марсиал во 55 минута. Сепак, Маркус Рашфорд на три минути до крајот повторно го доведе Манчестер во водство, што овојпат беше доволно и за конечен триумф.

До значајна победа во првото коло дојде и Лацио, кој на домашен терен ја совлада Борусија Дортмунд со 3:1.

Римјаните во првото полувреме дојдоа до предност од да гола преку Чиро Имобиле во шестата минута и автоголот на голамнот Марвин Хиц во 23 минута. Во вториот дел, Германците за момент се понадеваа дека може да дојдат до пресврт, со голот на Халанд во 71 минута, но само пет минути подоцна Жан Акпа Акро ја потврди победата на Лацио.

Резултати:

ПСЖ – Манчестер Јунајтед  1:2

Лајпциг – Башакшехир  2:0

Барселона – Ференцварош  5:0

Динамо Киев – Јувентус  0:2

Лацио – Борусија Дортмунд  3.1

Зенит – Клуб бриж  1:2

Челзи – Севилја  0:0

Рен – Краснодар  1:1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.