Македонската репрезентација ќе може да има поддршка од домашните фанови на Европското првенство ова лето во Букурешт, но за секој македонски навивач патувањето во Романија ќе биде повеќе од компликувано.

Здравствените власти на Романија, во договор со претходната одлука на Владата да се дозволи одредено присуство на навивачи на натпреварите од ЕВРО 2020, денеска одлучија сите секој странски навивач да не може да се задржува повеќе од 48 часа во Романија.

Доаѓањето на навивачите ќе биде исклучиво за фудбалскиот натпревар, а не за туризам. Токму поради тоа секој навивач од надвор нема да може да се задржи повеќе од 48 часа. Оваа одлука е базирана на гаранциите кои Романија ги даде за да се дозволи присуство на навивачи, но да не се загрози јавното здравје, и да не добиеме исклучување од ЕВРО 2020“ – објави Министерството за спорт на Романија.

А, како што е познато од претходно, одлучено на Националната арена во Букурешт да биде дозволено присуство на 13.000 навивачи (25% од капацитетот на стадионот) за натпреварите на Македонија против Австрија и против Украина, од кои дополнитено ќе биде одлучено колку ќе им припаднат на македонските навивачи.

Последната одлука на романската Влада за исклучиво 48-часовно задржување ќе значи дека оние македонски фанови кои ќе бидат на дебито на Македонја против Австрија на 13. јуни, веднаш по натпреварот ќе мора да ја напуштат земјата, а доколку сакаат да го следат следниот натпревар на 17. јуни против Украина ќе мора да допатуваат ден пред натпреварот и веднаш по него да ја напуштат земјата.

извор: Екипа

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.