Македонската женска фудбалска репрезентација ќе игра во групата „Д“ со селекциите на Англија, Австрија, Cеверна Ирска, Летонија и Луксембург во квалификациите за Светскиот куп 2023.

Во овие квалификации ќе учествуваат рекордни 51 репрезентација, поделени во шест групи со по шест тимови и три групи со пет селекции.

Натпреварите ќе се играат од септември 2021 година до септември 2022 година.

Победниците од деветте квалификациски групи ќе се пласираат директно на финалниот турнир во Австралија и Нов Зеланд, додека второпласираните во групите ќе играат баражи во октомври 2022 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.