Македонската фудбалска репрезентација бележи скок од три места на ФИФА ранг-листата објавена денеска. Прогресот на „црвено-жолтите“ се должи на победата над Летонија и нерешениот резултат со Словенија во првите две кола од квалификациите за ЕУРО 2020.

Од противниците на Македонија во квалификациите за ЕП, на априлското рангирање на ФИФА, најдобро котира Полска – на 20. место, Австрија е 34-та, Словенија се наоѓа на 63.позиција, Израел е 84-ти, додека Летонија е 133-та.

Противникот на Македонија во плеј-офот од Лигата на нации, репрезентацијата на Косово е на 127. место.

На врвот и натаму е Белгија пред Франција и Бразил. Во Топ 10 се уште репрезентациите на Англија, Хрватска, Уругвај, Португалија, Швајцарија, Шпанија и Данска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.