Македонскиот фудбалски интернационалец Изаир Емини е позитивен на коронавирусот, објавија косовските медиуми. Емини оваа сезона е член на косовскиот тим Дрита Гњилане, а се покажал позитивен на ковид-19 на последното тестирање. Сепак, не чувствува силни симптоми на коронавирусот и засега е во домашна изолација.

Тоа е првиот македонски спортист кој официјално е позитивен на тестирање на Covid-19. Во Македонија, заболе и боречкиот тренер Љубиша Пешко, но по неколкудневен болнички третман успешно ја надмина болеста.

Емини во Македонија играше за Ренова и за Шкендија, а претходно беше интернационалец и во првенството на Албанија.

извор: Екипа

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.