Македонската фудбалска репрезентација го одржа првиот тренинг на израелска почва каде утревечер ќе го одигра петтиот квалификациски натпревар за пласман на ЕУРО 2020 против домаќинот Израел.

Нашите репрезентативци комплетирани со Пандев, Трајковски и останатите кои дојдоа директно во Ветената земја ја почувствуваа атмосферата синоќа одржувајќи го првиот тренинг.

Израел игра на домашен терен, има предност, но ние имаме уште два дена, кои се надевам дека ќе бидат доволни, за да се подготвиме и да одговориме на предизвикот. Домашниот тим веројатно има поголем императив за победа, но ние знаеме како да одговориме. Не размислувам дали ќе го започнам дуелот, кога доаѓам да играм за националниот тим секогаш сум подготвен на се. Зад нас ги оставивме двата меча со Полска и Австрија, не ги заборавивме болните порази и сигурен сум дека извлековме поуки. Знаеме што не треба да правиме, а ако секој од нас си ја врши задачата сметам дека нема да имаме проблеми, изјави Иван Тричковски.

Македонија игра против Израел в четврток од 20.45 часот на „Јаков Тарнер Тото“ стадионот во Беер Шевa.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.