Македонската фудбалска репрезентација падна за две места на ранг-листата на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА).

„Црвено-жолтите“ се наоѓаат на 74. место, откако септемврискиот циклус од Мундијалските квалификации го завршија без пораз, но не забележаа ниту победа на средбите со Ерменија, Исланд и Романија.

Од ривалите на „рисовите“ во квалификациите за Светското првенство, најдобро рангирана е Германија (14), по што следуваат Романија (42), Исланд (60), Ерменија (89) и Лихтенштајн (188).

Најдобро рангирана светска селекција е Белгија пред Бразил и Англија.

Во првите 10 селекции се и: Франција, Италија, Аргентина, Португалија, Шпанија, Мексико и Данска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.