Македонските фудбалски репрезентативци, Александар Трајковски и Илија Несторовски беа најзаслужни во денешната победа на Палермо на гостувањето кај Падова од 1-3. По водството на домаќинот во 30-та минута, Трајковски израми на крајот на првиот дел за на пауза да се отиде со резултат 1-1.

Палермо дојде до водство во 68-та минута, а конечниот резултат го постави македонскиот напаѓач, Илија Несторовски кој стрелаше во на 20 минути пред крајот на натреварот.

Со овие три бода, Палермо е на врвот на Сeрија Б со 29 бода по одиграни 14 натпревари, а зад нив се Лече и Пескара со по 26 кои имаат и натпревар повеќе од тимот од Сицилија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.