Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски денес го објави списокот со фудбалери за последните два натпревара, против Грузија (23 септември) и Бугарија (26 септември) од групата 4 во Ц-сегментот од Лига на нации.

На списокот на селекторот Милевски се наоѓаат следните 27 фудбалери:

голмани: Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски, Кристијан Наумовски и Игор Алексовски.

одбрана: Стефан Ристовски, Дарко Велковски, Висар Муслиу, Езѓан Алиоски, Тодор Тодоровски, Стефан Ашковски, Никола Серафимов, Ѓоко Зајков, Бојан Димоски.

среден ред: Елиф Елмас, Енис Барди, Аријан Адеми, Енис Фазлагиќ, Агон Елези, Јани Атанасов, Стефан Спирковски.

напад: Милан Ристовски, Бојан Миовски, Дарко Чурлинов, Александар Трајковски, Ваљон Етеми, Дориан Бабунски, Љупче Дориев.

Првиот септемвриски меч „црвено-жолтите“ ќе го играат на гостински терен во Тбилиси, домашниот натпревар против Бугарија е закажан на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Во групата од Лига на нации, македонската репрезентација со седум бодови од четири натпревари е на второто место. Грузија е лидер со десет бодови. Бугарија е трета со три, Гибралтар има бод од досегашните четири меча.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.