Македонската фудбалска репрезентација напредуваше за пет позиции за последната ФИФА ранг листа, a причината е победата над Италија.

Македонија сега се наоѓа на 62. место на ФИФА ранг листата, што е напредок за пет позиции во однос на минатото рангирање.

Од противниците на Македонија во Лигата на нации, најдобра е Бугарија на 73. место, Грузија е 85., а Гибралтар се наоѓа на 203. место.

На врвот е Бразил, а во топ 10 се Белгија, Франција, Аргентина, Англија, Италија, Шпанија, Португалија, Мексико и Холандија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.