На стадионот „Стожице“ во Љубљана вечерва фудбалските репрезентациите на Македонија и Словенија одиграа фудбалски натпревар нерешено 1-1.
Фудбалската репрезентација на Македонија го играше својот втор натпревар од квалификациите за пласман на ЕП 2020.

Во првото полувреме во 34 минута реперезентацијата на Словенија успева да поведе со 1-0 кога Зајц со глава од 5-6 метри далечина успева да го даде првиот гол.

Во првото полувреме Словенците имаа водство. Македонија одигра со грешки, особено во одбраната. Сепак, нашите репрезентативци имаа две шанси преку Пандев и преку Барди, но сепак шутираа непрецизно.

За Македонија овој натпревар беше многу важен и во второто полувреме успеа да гп израмни резултатот, кога гол постигна Барди и го погоди левиот долен агол од голот на Облак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.