Македонија победи со 2-1 против Словенија, Елиф Елмас по втор пат излезе подобар од Јан Облак и го совлада голманот на Словенија.

Со овој резултат, македонската фудбалска репрезентација запиша важни три бода во седмото квалификациско коло за Европското првенство во 2020 година. Елмас уште во првото полувреме даде гол, но беше поништен од страна на судиите, откако асистентот покажа сомнителен офсајд.

Елиф повторно блесна во второто полувреме, откако два пати ја погоди мрежата на Словенија, го совлада Облак и ја поведе Македонската фудбалска репрезентација во победа.

 

фото: суперспорт.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.