Фудбалската репрезентација на Македонија губи со 0-1 по првите 45 минути на гостувањето во Австрија, а стрелец на единствениот гол засега е Давид Алаба кој погоди во седмата минута.

Дополнителен проблем за Македонија е повредата и на Александар Трајковски кој мораше да ја напушти играта во 13. минута. На негово место во игра влезе офанзивецот на француски Ним, Влатко Стојановски за кого ова ќе биде деби настап во македонскиот дрес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.