Македонецот Влатко Андоновски стана нов селектор на женската фудбалска репрезентација на САД и ја наследи Џил Елис, која ги освои последните две Светски првенства, а тоа денеска беше потврдено на официјалниот профил на селекцијата на САД.

Андоновски се очекува своето деби да го има во ноември кога репрезентацијата на САД ќе игра пријателски средби со Шведска и Коста Рика.

Овој 43-годишен тренер изминативе седум сезони работи во Женската фудбалска лига на САД и веќе во своето резиме има две шампионски титули со тимот на Канзас сити, а последните две сезони го води тимот на Реин ФЦ, каде што настапува најдобрата американска фудбалерка Меган Рапино, која неодамна ја доби и наградата на ФИФА за најдобра во светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.