Фудбалерите на Наполи одиграа неверојатно полувреме на „Диего Армандо Марадона“ и против Лацио на пауза заминаа со огромни 3-0. „Партенопеите“ рано поведоа со два гола преку Зиелински и Дрис Мертенс, па иницијативата ја презеде Лацио и имаше серија шанси. Сепак, гостите од Рим не успеаја да дојдат до погодок, па ги стигна спортската казна.

Инсиње повлече по левата страна, префрли десно кон Лозано, а Мексиканецот ја одложи топката до Мертенс. Белгиецот со многу чувство упати топка која практично „бегаше“ од голманот Пепе Реина, го лобуваше и ја смести во спротивниот агол за 3-0.

Видео од голот на следниот линк

Преземено од гол.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.