Асот на Барселона, Лионел Меси, вчера во два наврати постигна погодоци од слободен удар против градскиот ривал Еспањол (0-4) кој можеше само да се восхитува на фудбалската големина на Аргентинецот.

Меси од сезоната 2014-15 од слободен удар има постигнато 19 голови за каталонскиот клуб, што е поголем учинок од многу европски великани.

Меси реализирал еден погодок повеќе од сите играчи на Јувентус од слободен удар од 2014. година, а зад него се наоѓаат уште Реал Мадрид, Рома, Лион, Баерн Минхен, Сампдорија, ПСЖ, Монако, Ливерпул, Челзи, Милан и многу други клубови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.