Фудбалерите на Мајнц неочекувано забележаа победа на домашен терен од 2:1 против Баерн Минхен и со тоа ја одложија шампионската промоција на „Баварците“, кои со победа веќе денеска ќе ја прославеа деветтата последователна шампионска титула на три кола до крајот на германското првенство.

Мајнц дојде во водство во третата минута преку Буркарт, а Кваисон (37) зголеми на 2:0. На Баерн не му беше од помош ниту враќањето по повредата на Роберт Левандовски, кој во судиското продолжение само го намали поразот на водечкиот тим во Бундес лигата.

Баерн (71) остана на десет бодови предност пред Лајпциг (61), кој утре на домашен терен игра против Штутгарт.

Резултати од останатите натпревари:

Фрајбург – Хофенхајм  1:1

Унион Берлин – Вердер  3:1

Вофсбург – Борусија Дортмунд  0:2

Баер Леверкузен – Ајнтрахт Франкфурт  3:1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.