Гибонот Кент од зоолошката градина во Загреб ја предвиде победата на хрватската фудбалска репрезентација над Аргентина во полуфиналето на Светското првенство во Катар.

„Не се сеќавам на друг пат кога Кент беше толку сигурен дека ја предвидел победата на Хрватска“, им рече на новинарите директорот на зоолошката градина во Загреб, Дамир Скок.

Гибонот (вид мајмун) избрал кутија со овошје со хрватско знаме, а потоа седнал во таа кутија.

„Одиме во финалето и на Аргентина и посакувам повеќе среќа следниот пат“, додаде Скок.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.