Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема постигна хет-трик во првото полувреме на денешниот натпревар со Ваљадолид во 27. коло од шпанската Ла Лига.

Триесет и петгодишниот Французин погоди во 29., 32. и 36. минута, во рок од шест и пол минути. До крајот на средбата „Кралевите“ постигнаа уште три гола преку Родриго, Марко Асенсио и ЛукасВаскез за конечни 6:0.

Оваа сезона Бензема има 17 натпревари во Примера, на кои постигна 14 гола и направи три асистенции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.