Ромелу Лукаку е мотивиран од лошата сезона во Челзи. Ова лето белгискиот фудбалер се врати во Интер како позајмен од лондонскиот клуб.

– Сезоната помината во Челзи ми даде дополнителен мотив да се претставам уште подобро од порано. Мислам дека за една година луѓето заборавија што можам да направам на теренот. Се чувствувам луто. Кога заминав од Интер, сакав повторно да се обидам во Челзи. Поминав 11 години во Челзи и сакав да се вратам како ѕвезда. По последниот натпревар, почнав да размислувам која опција ќе биде најдобра за мене. Сезоната во Челзи испадна тешка. Мислам дека ништо немаше да се смени во иднина, па решив да се вратам овде, изјави напаѓачот во интервју за „DAZN Italia“.

Лукаку минатата сезона постигна 15 гола на 43 настапи за Челзи во сите натпреварувања

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.