Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку не присутствувал на последниот тренинг на клубот на турнејата во Австралија, а тоа само ги засили гласините дека неговата продажба во Интер е само прашање на време.

„Манчестер Ивнинг Њуз“, повикувајќи се на свои извори, информира за „ситен проблем“ со белгискиот репрезентативец поради кој не учествувал на тренинот.

Сите овие информации доаѓаат во пресрет на последната понуда на Интер за Белгиецот од 70 милиони евра на 3 рати која би можела да биде прифатена откако напаѓачот побарал од раководствтото да ја смени средината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.