Напаѓачот на Интер, Ромел Лукаку по победата над Милан (2-0) во мечот од 4. коло на италијанскиот шампионат му оддаде признание на тренерот на тимот Антонио Конте.

Мојата врска со Конте е многу силна, бидејќи тоа е тренер кој навистина ми помага. На 26 години ми треба тренер кој помага секој ден и дава мотивација. Јас сум многу среќен што сум тука и работам со него, изјави Лукаку.

Овој натпревар е многу важен за нас, но ние продолжуваме со тешкиот распоред, ни следува дуел со Лацио. Задоволни сме со трите бода ан дербито со Милан. Во Лигата на шампионите играта со Славија беше тешка, но ние бевме добро подготвени за оваа средба и одговоривме соодветно. Не сакам да зборувам за титулата сега, само што почна првенството, додаде Лукаку.

Интер по четири кола во Серија А има максимални 12 бода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.