Поранешниот селектор на Шпанија и тренер на Барселона Луис Енрике ја објави тажната вест дека неговата деветгодишна ќерка починала од рак.

Енрике во јуни ненадејно го напушти кормилото на шпанската репрезентација поради итна семејна ситуација, без да прецизира за што станува збор и шпанската јавност ја почитуваше неговата приватност.

Неговата ќерка Сана пет месеци се борела со редок облик на рак на коски.

Нашата ќерка Сана почина ова утро по петмесечна интензивна борба со остеосаркома. Многу ќе ни недостига, но ќе се сеќаваме на неа секој ден од нашите животи. Ти ќе бидеш ѕвезда што ќе го води ова семејство“, соопшти Енрике на социјалните мрежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.