Шпанскиот третолигаш Ибица ја пречекува Барселона во шпанскиот Куп, но домаќинот се соочува со големи организациски проблеми затоа што некој ги украл влезниците.

Стадионот на Ибица собира само 4.500 гледачи, а влезниците требаше да бидат пуштени во продажба денеска, но продажбата е одложена поради тоа што некој ја ограбил билетарницата, каде што биле влезниците.

Засега е познато дека две лица го направиле криминалот и истите се снимени на безбедносните камери, па полицијата работи на решавање на случајот.

Мечот се игра во среда од 19 часот, па останува да видиме дали домаќинот ќе успее да го реши проблемот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.