Во најефикасниот нaтпревар вечерва во второто коло од ЛШ, актуелниот европски првак, Ливерпул го совлада Салзбурg потешко од очекуваното со 4-3. „Црвените“ имаа убедливо водство на полувреме од 3-1, за австрискиот тим да дојде до изедначување 20-тина минути во вториот дел.

Победникот беше одучен со погодокот на Мохамед Салах кој по втор пат на мечот стрелаше во 69 минута за конечните 4-3.

Интересен натпревар се одигра и во Барселона, каде навивачите на Интер се понадеваа на позитивен резултат, но нивниот тим сепак си замина од „Камп Ноу“ со празни раце и загубија со 2-1. Гостите имаа предност по првите 45 минути откако Лаутаро Мартинез погоди за 0-1 во третата минута. Резултатот не се менуваше се до 58-та минута кога Сузарез со одличен удар од 16 метри го совлада Хандановиќ. Конечните 2-1  ги постави истиот играч со гол во 84. минута.

Група Е: Генк – Наполи: 0-0, Ливерпул – Салзбург: 4-3

Група Ф: Славија Прага – Борусија Дортмунд: 0-2, Барселона – Интер: 2-1

Група Г: Лајпциг – Лион: 0-2, Зенит – Бенфика: 3-1

Група Х: Лил – Челси: 1-2, Валенсија – Ајакс: 0-3

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.